Јелена Томашевиќ беше специјална гостинка на вториот по ред Црногорски бал во Подгорица.
На свеченоста, 41-годишната српска пејачка пленеше со шарм и елеганција во црна креација со долга наметка. Фустанот доаѓа од колекцијата висока мода есен/зима 2024 на дизајнерот Стефан Ѓоковиќ.
„Овој прекрасен фустан од Стефан Ѓоковиќ совршено се вклопи во атмосферата на Црногорскиот бал во Подгорица. Ви благодарам на поканата да бидам дел од ваков културен настан“ – напиша Јелена и сподели фотографии од својот стајлинг.