Марија Шерифовиќ направи прослава за првиот роденден на синчето Марио.
40-годишната пејачка, која го доби своето дете со сурогат-мајка, беше облечена во ист стајлинг како својот мал принц. Тие носеа костуми во зелена боја од Maro Feher со нивните имиња испишани од внатрешната страна.
Марија сподели фотографии и напиша:
Малечок мој, ајде јас и ти полека во нашата втора година.
За мене е годината со најголеми промени. Првенствено емотивни. Да ми кажуваше некој дека може толку многу да се сака, ќе му речев дека не е нормален!
Семејство, кумови, пријатели, колеги – ви благодариме за честитките! Ве сакаме.
Пред да го добие Марио со сурогат-мајка, Шерифовиќ се обидела самата да износи бременост, но не успеала.