Карлос Алкараз сними фотосесија со семејството по големата победа над Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон.
21-годишниот тенисер позираше со трофејот покрај тројцата браќа и родителите. На фотографиите, Карлос го држи пехарот, а до него стојат браќата Џејми, Серхио и Алваро, мајка му Вирџинија и татко му Карлос. Само Алваро е постар од успешниот тенисер. Тој има 24 години, Серхио има 15, а Џејми 12 години.
Целото семејство беше присутно на трибините на Вимблдон во Лондон и навиваше за Карлос. Подоцна, тие му се придружија на Балот на шампионите и позираа со него во елегантно издание.
Најстариот брат на Карлос честопати патува и тренира со него за време на големите тениски турнири. Џејми Алкараз исто така е надежен млад тенисер.