Елтон Џон сподели дека видот му е речиси изгубен во обраќање до гостите присутни на „The Devil Wears Prada: The Musical“.
77-годишниот музичар, кој е композитор на мјузиклот, им се обрати на гостите и призна дека уживал во изведбата и покрај тоа што не ја гледал. Тој му се заблагодари на сопругот за поддршката.
„Како што некои од вас можеби знаете, имав проблеми и сега го изгубив мојот вид. Не бев во можност да ја видам изведбата, но уживав во неа. Тешко ми е да ја видам, но сакав да ја слушнам и звучеше добро вечерва. Му се заблагодарувам на сопругот, кој е моја поддршка“ – рекол тој.
@aeronjamesuk Elton John and David Furnish’s speeches during the curtain call at the gala performance for the musical The Devil Wears Prada (@The Devil Wears Prada Musical) at @Dominion Theatre in London’s West End! {pr invite} #vanessawilliams #thedevilwearsprada #devilwearsprada #stagey #curtaincall #westend #londontheatre #theatre #theater #theatretiktok #theatertiktok #musicaltheatre #musicaltheater #eltonjohn #shainataub @Elton John ♬ original sound - Aeron James
Претходно, музичката ѕвезда сподели дека во јули го изгуби видот во десното око како последица на инфекција која ја доби во Јужна Франција.
„За жал, го изгубив видот во моето десно око во јуни и јули, бидејќи имав инфекција во Јужна Франција. Поминаа четири месеци откако не можам да гледам. И моето лево око не е најдобро. Има надеж и охрабрување дека ќе биде ОК, но заглавен сум во моментот, бидејќи можам да правам некои работи, но не знам дали можам да се вратам во студиото и да снимам, бидејќи како прво не можам да ги видам текстовите“ – рекол Елтон во интервју.
Elton John revealed that he's blind out of his right eye after developing an infection over the summer, which has affected his ability to make new music. https://t.co/NUMi60KkCe pic.twitter.com/ateZa8ujAO
— New York Post (@nypost) November 25, 2024
Животот на легендарниот пејач е претставен во новиот документарен филм „Elton John: Never Too Late“, во кој тој вели:
„Сакам да видам како моите деца стапуваат во брак, но не мислам дека ќе бидам тука тогаш“ – реченица која го вознемирила неговиот сопруг Дејвид, со кого Елтон стапи во брак во 2014 година и со кого има два сина.
„Тоа навистина ме вознемирува, бидејќи во мојот ум, мислам дека Елтон ќе живее засекогаш“ – рекол тој.