Софија Лорен зачекори во десеттата деценија од својот живот.
Холивудската дива, која на 16 години ја започна својата кариера во филмската индустрија, го прослави својот 90. роденден. Таа изгледаше гламурозно во бело блескаво сако на забавата во Рим, организирана во нејзина чест.
Фотографии од роденденската прослава објави нејзиниот син Карло Понти Џуниор. На нив се гледа дека Софија беше опкружена со своите најмили.
Роденденската песна „Happy Birthday“ ѝ ја пееше славната пејачка Лаура Паузини која сподели и моменти со Лорен.
Софија е една од последните живи ѕвезди од Златната ера на Холивуд. Таа зачекори во светот на актерството откако освои натпревар за убавина во 1950 година и брзо стана секс симбол на тоа време. Во 1960 година глумеше во филмот „Two Women“ и за таа улога доби Оскар, со што стана прв изведувач од неанглиско говорно подрачје кој некогаш ја освоил таа престижна награда.
Својот покоен сопруг го запозна во 1950 година, кога имала само 15 години. Тие стапија во брак во 1966 година и имаат два сина.