За Кристи Бринкли времето исто како да застанало. 61-годишниот супермодел изгледа фантастично во седмата деценија од животот.
Славната русокоса беше фотографирана на премиерата на комедијата „Donny!“ во Њујорк.
Црниот фустан со пердуви од брендот Elizabeth and James, Бринкли го искомбинира со минималистички обувки.










Популарната убавица има споделено дека веганската исхрана ѝ помага да го одржува своето тело. Кога таа имала 13 години станала вегетаријанка, а подоцна ги исфрлила од својата исхрана сите производи од животинско потекло. „Си реков: Јас сакам животни. Не сакам да бидам дел од тој систем“ – изјавила таа. Сепак, таа признава дека во ретки случаи консумирала риба и морски плодови.
Кристи зад себе има 4 брака, од кои еден со Били Џоел и е мајка на 3 деца. Нејзината убавина ја постави меѓу најбараните модели и таа се има појавено на над 500 корици на списанија.
Бринкли редовно мами воздишки со својот младолик изглед.

