Изминатиов викенд, војвотката Кетрин и принцот Вилијам беа на својата прва официјална посета на Париз.
За време на престојот во француската метропола, младиот кралски пар присуствуваше на повеќе настани и свечености.
35-годишната припадничка на британското кралско семејство пристигна во Градот на светлината во отмено зелено палто. Веднаш по пристигнувањето, Кетрин и Вилијам се сретнаа со францускиот претседател Франсоа Оланд.





За посетата на британската амбасада, Кетрин шармираше во црн фустан од Александар Меквин и обувки од Џанвито Роси.







На вечерата во британската амбасада во Франција, Кетрин блескаше во фустан со навезени цветови од Џени Пекам. Стилскиот избор, таа го надополни со обувки од Оскар де ла Рента.







Следниот ден, Кетрин носеше фустан-палто од Шанел, кое го искомбинира со колан и чантичка од истиот француски бренд.













Кралскиот пар го проследи и рагби натпреварот помеѓу Велс и Франција, каде Кетрин се појави во црвено палто од Каролина Ерера и црни ракавици.




