Војвотката Кетрин и принцот Вилијам ја започнаа турнејата низ Северна Ирска, со цел да се фокусираат на проекти поврзани со млади лица.
Парот беше пречекан од бројни обожаватели. Облечена во црвено палто од Каролина Ерера, 37-годишната војвотка од Кембриџ се поздравуваше и разговараше со локалните жители.







Кетрин и Вилијам прво го посетија стадионот „Виндзор Парк“ во Белфаст, каде научија повеќе за проектите на Ирската фудбалска асоцијација и тоа како спортот може да има значајна улога за зближувањето на заедницата.








Откако се пресоблече во полежерна комбинација со патики, Кетрин заигра фубал со мали дечиња.












