„The Fate of the Furious“ е насловот на осмото продолжение на филмската серија „Fast & Furious“, а првиот трејлер покажува дека станува збор за возбудлива акција со ѕвездена екипа.
Шарлиз Терон влегува во улогата на негативец. Покрај неа, во филмот ќе ги видиме и Вин Дизел, Мишел Родригез, Двејн Џонсон, Џејсон Стејтам, Натали Емануел, Лудакрис, Курт Расел, Скот Иствуд и Хелен Мирен.
Ова е првото продолжение по смртта на Пол Вокер, кој почина прерано во сообраќајна несреќа пред три години.