Криси Тиген присуствуваше на настан во Њујорк организиран од „Sports Illustrated“, придружена од сопругот Џон Леџенд и малата ќеркичка.
30-годишниот модел, кој беше дел од изданието на списанието посветено на костими за капење, се појави во кратки фармерски пантaлони и бежова маичка. На фотографиите, Тиген во рацете ја носи слатката Луна, а Леџенд чекори покрај нив.















Претходно, славниот пар беше фотографиран на прошетка во Големото јаболко.




Криси и Џон беа во врска четири година пред да се верат во декември 2011 година. Тие ја крунисаа својата љубов со брак во септември 2013 година во Комо, Италија. Нивната ќеркичка Луна Симон Стивенс се роди на 14 април оваа година.