Џејн Биркин замина во легендите. Француската актерка и пејачка со британско потекло почина на 76-годишна возраст.
По долга битка со ракот, филмската ѕвезда издиша за последен пат во нејзиниот дом во Париз. Веста за смртта ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја нарече „Француска икона“.
Parce qu’elle incarnait la liberté, qu’elle chantait les plus beaux mots de notre langue, Jane Birkin était une icône française.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) July 16, 2023
Artiste complète, sa voix était aussi douce que ses engagements étaient ardents.
Elle nous lègue des airs et des images qui ne nous quitteront pas. pic.twitter.com/Ad27ngF54R
Џејн е родена на 14 декември 1946 година во Лондон. Израсна и се школуваше во Британија, но нејзините амбиции за успешна филмска кариера ја одведоа во Франција.
Иако не зборуваше француски јазик, првата главна улога ја доби во францускиот филм „Slogan“ во 1969 година. На снимањето, се запозна со Серж Геинсбург, со кого имаше долгогодишна љубовна врска. Во 1971 година се роди нивната ќерка Шарлот.
Тие го снимија дуетот „Je T'aime...moi non plus“, кој стана вистински хит.
Покрај филмска и музичка ѕвезда, Биркин беше и стилска икона. Таа е инспирација за познатата чанта Hermès Birkin, која денес ја поседуваат многу жени ширум светот.
Создавањето на оваа иконска чанта дошло по случајна средба на Џејн и Жан-Луј Думас, извршниот директор на модната куќа Hermès.
За време на авионски лет, Џејн имала проблем со својата чанта, која не ги собирала сите работи кои ги носела со себе. Откако се пожалила дека не може да најде убава чанта доволно голема за нејзините потреби, Думас добил инспирација да создаде чанта токму според нејзините барања и ја нарекол „Birkin“.
Џејн долги години имаше здравствени проблеми. Во 90-тите се лекуваше од леукемија, а пред две години беше објавено дека преживеала мозочен удар.