Амелија Спенсер заплива во брачните води. 30-годишната внука на принцезата Дијана се омажи за Грег Малет на церемонија која се одржа во Западен Кејп во Јужноафриканската Република.
Среќната невеста блескаше во впечатлива венчаница од ателјето на Версаче. Креацијата со долги ракави е надополнета со чипкасти и цветни детали и украсена со сваровски кристали.
Фустанот бил изработуван два и пол месеци.
La sobrina de la fallecida princesa Diana, #AmeliaSpencer, contrajo nupcias con Greg Mallet en una lujosa ceremonia celebrada en #Sudáfrica. ️ pic.twitter.com/RKCIOqFqq9
— Revista Ronda (@Revista_Ronda) March 29, 2023
Амелија е ќерка на Ерл Спенсер, братот на принцезата Дијана.