По смртта на Мајкл Џексон, во неговото семејство се појавија многу скандали. Последниот е сврзан со Мосиен Петит Џексон, жената којашто тврди дека Мајкл Џексон ѝ е татко.
Таа поднела документи во судот во Лос Анџелес во кои тврди дека е ќерка на Мајкл Џексон и бара да биде направен ДНК-тест што ќе го потврди тоа.
Познатиот портал TMZ ја објави нејзината приказна која вклучува убиство, киднапирање и сестрата на Дајана Рос. Еве ја приказната:
Во 1975г., кога Мајкл Џексон имал само 17 години, ја забременил Барбара (мајката на Мосиен и сестра на Дајана Рос).
Кога Мосиен имала 9 години, Кетрин Џексон, мајката на Мајкл, скроила план да ја киднапира Мосиен и да ја однесе во Белгија со цел да ја заштити репутацијата на својот син. Мосиен тврди дека сите 7 нејзини киднапери подоцна биле убиени.
Во моментов, Мосиен живее во Холандија и решила да ја објави својата приказна затоа што сака легално да побара дел од наследството на Мајкл Џексон, а воедно сака и да ѝ биде доделено старателството над децата на Мајкл со цел да им даде (како што тврди таа) нормален живот.