Хелен Мирен присуствуваше на настан во Лас Вегас за да го промовира својот нов филм „The Good Liar“.
За време на конференцијата CinemaCon, 73-годишната актерка мамеше комплименти во модерен стајлинг кој вклучуваше бела кошула и леопардско здолниште од Адам Липс. Својот изглед, таа го надополни со впечатлив накит од Дејвид Веб и чантичка од Тајлер Елис.
Конференцијата CinemaCon е најголемиот собир на сопственици на театри од целиот свет. Секоја година, на настанот присуствуваат гости од 80 земји.