Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Вил и Џејда Смит ја демантираа веста за разделба

Вил и Џејда Смит ја демантираа веста за разделба

Списанието In Touch вчера објави вест дека славниот холивудски пар Вил и Џејда Смит става крај на својата 13-годишна врска. Веста моментално се рашири на интернет и за неколку часа стана вирална.

Но, додека сите коментираа колку е жално што уште еден брак ненадејно се распадна, Вил и Џејда подготвуваа соопштение за да ја демантираат ваквата вест.

Us WeeklyВил и Џејда Смит

„Иако не сакаме да одговараме на вакви вести на медиумите, гласините кои кружат за нашата врска се целосно погрешни. Сè уште сме заедно“ – изјавиле Вил и Џејда.

Како причина за разделбата медиумите наведуваа афера помеѓу Џејда и Марк Антони. Гласноговорникот на Џејда побрза да ги негира и тие гласини. „Сè за Џејда и Марк Антони е погрешно“ – изјавил тој за Us Weekly.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19141 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.