Вил Смит го одбележа јубилејниот 50. роденден со адреналинска авантура. Холивудскиот актер скокна банџи од хеликоптер над Големиот Кањон.
Скокот го проследи целото негово семејство – сопругата Џејда и децата Треј, Џејден и Вилоу.
По скокот, Вил изјави: „Ништо никогаш нема да биде пострашно од тоа. Од апсолутен страв преминуваш кон највеличествената среќа која си ја почувствувал во животот.“
Вил имаше можност да погледне и видео со роденденски честитки од негови славни пријатели.