Косоварката Ера Истрефи настапи на стадионот „Лужники“ во Москва заедно со Вил Смит и Ники Џем на церемонијата по повод затворањето на Светското првенство во фудбал во Русија.
Познатите музичари танцуваа енергично изведувајќи го својот заеднички хит „Live It Up“, додека околу нив се случуваше вистинско шоу.
„Live It Up“ е официјалната песна на Мундијалот.
Видео
И легендарниот фудбалер Роналдињо беше дел од настапот.
Тројцата изведувачи претходно присуствуваа на пресконференција на која позираа со победничкиот пехар.
24-годишната музичарка на Instagram сподели фотографии од пробата, каде се сретна со Роналдињо.