Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Вил Смит го удри Крис Рок на сцената на Оскар поради шега за ќелавата глава на неговата сопруга која страда од алопеција

ВИДЕО: Вил Смит го удри Крис Рок на сцената на Оскар поради шега за ќелавата глава на неговата сопруга која страда од алопеција

Инцидент се случи на овогодишното доделување на Оскарите.

Поради невкусна шега, Вил Смит се качи на сцената и го удри Крис Рок пред вчудовидената публика.

Причината за тоа беше што тој направи шега за ќелавата глава на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит која страда од алопеција.

Вил Смит и Крис Рок Вил Смит и Крис Рок

„Џејда, те сакам. ‘G.I. Jane 2’ едвај чекам да го гледам“ – рече Крис, алудирајќи со „G.I. Jane 2“ на нејзината избричена глава.

„G.I. Jane“ е филм со Деми Мур во главната улога каде таа глуми жена која ќе си ја избричи главата за да се вклопи во специјалната воена единица.

По неговиот коментар, Џејда ги преврти очите, а Вил се качи на сцената и го удри. „Држи го името на мојата жена надвор од твојата е**** уста“ – му извика Вил два пати откако се врати на своето столче во публиката.

Видео:

Вил Смит и Крис Рок Вил Смит и Крис Рок

Џејда отворено зборува за загубата на косата поради алопецијата.

Вил Смит и Крис Рок Вил Смит и Крис Рок Вил Смит и Крис Рок Вил Смит и Крис Рок

Кратко по оваа случка, на Вил Смит му беше доделен Оскар за Најдобар актер за портретирањето на Ричард Вилијамс, таткото на тениските легенди Серена и Венус Вилијамс, во филмот „King Richard“.

Погледнете го неговиот емотивен говор по примањето на статуетката:

„Ричард Вилијамс беше смел бранител на неговото семејство. Во ова време од мојот живот, во овој момент сум обземен од она што Бог ме повикува да направам и да бидам во овој свет. Во мојот живот ме повикуваат да ги сакам и штитам луѓето“ – изјави Вил низ солзи.

„Знам дека за да го работиме ова, мора да сме способни да трпиме малтретирање, мора да можеш да трпиш луѓето да кажуваат луди работи за тебе. Во овој бизнис мора да си способен да имаш луѓе кои нема да те почитуваат и мора да се смееш и да се преправаш дека тоа е ОК“ - додаде тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19146 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.