Грандиозниот дом на селебрити семејството Смит е вистинско уметничко дело. Стотици вешти раце ја покажале својата способност и креативност за да може да биде создаден уникатниот дом.
„Сè мораше да биде изработено рачно. Сакавме да ја почувствуваме љубовта и трудот што е вложен во секое парче на ова место“ – изјавил Вил.
Пред извесно време преку фотографиите на Architectural Digest накратко ѕирнавме во домот на Вил и Џејда Смит, а сега познатото списание објави и подетални фотографии од огромниот имот кој се простира на површина од 2323m2.
Огромната куќа која зрачи со интимност и спиритуалност е дом на Вил, Џејда и нивните деца, Џејден, Вилоу и Треј (Треј е синот на Вил од првиот брак).
„За мене и за Вил овој дом отсекогаш бил спиритуален потфат. Ние сакавме да создадеме семејно засолниште, нешто направено рачно и колку што е можно поприродно, нешто што ќе нè врзува со земјата“ – објаснила Џејда за големиот проект.
Семејството Смит неодамна беше во центарот на скандал откако излегоа гласини дека Вил и Џејда се разведуваат. Но, самите тие ги негираа таквите шпекулации.