Бекамови ја добија својата прва ќерка. Викторија Бекам се породи вчера во Лос Анџелес и донесе на свет здраво девојче, кое тежело 3,5 килограми.
„Дејвид и Викторија со воодушевување го објавуваат раѓањето на нивната ќерка... Бруклин, Ромео и Круз се возбудени да ја примат нивната нова малечка сестричка во семејството“ – соопштил гласноговорникот на среќното семејство.
На Дејвид не му требаше долго време пред да ја потврди веста на Facebook. „Многу сум горд и возбуден што ќе го објавам раѓањето на нашата ќерка Харпер Севен Бекам“ – напиша тој и ги руши шпекулациите дека бебето ќе се вика Атланта.
Викторија конечно си ја исполни желбата да има девојче. Славниот пар не ја криеше среќата кога во март дозна дека ќе им се роди ќерка. „Кога имаш три момчиња, некако очекуваш уште едно, па се изненадивме кога дознавме дека имаме мало девојче, но очигледно, ние сме пресреќни“ – изјави тогаш Бекам за списанието People.
Дејвид и Викторија се во брак од 1999 година, а освен новороденото девојче имаат и три сина, Бруклин, Ромео и Круз.