Викторија и Дејвид Бекам се пар на кој секој би му позавидел. 42-годишната дизајнерка и
Поранешната членка на „Spice Girls“ со фотографија на Instagram му го честиташе роденденот на својот сакан сопруг, кој вчера го прослави 41. роденден.
На фотографијата, Дејвид позира со среќна насмевка, а пред него се поставени роденденските подароци.
„Среќен роденден на најневеројатниот сопруг и прекрасен татко. Те сакаме толку многу!“ – напиша Викторија во описот на постот на популарната социјална мрежа.


И нивниот најстар син Бруклин сподели две фотографии од татко си по повод неговиот роденден. „Среќен роденден тато. Многу сум среќен што имам татко и херој сè во едно. Те сакам многу“ – пишува во описот.


Дејвид објави фотографија со тортата од своите четири деца.
