Џенифер Анистон успеа да направи доста интересна реклама која веднаш стана интернет хит. Видеото кое се распространува со наслов „Jen Aniston's Sex Tape“ е всушност реклама за минерална вода на брендот Smartwater.
Во видеото е прикажан обидот на Џенифер да создаде вирална реклама која ќе добие што повеќе кликови на интернет, затоа што како што објаснува таа, обичните реклами повеќе не се интересни.
„Не можам само да ви кажам дека SmartWater е најумната и највкусната вода што постои. Треба да направам видео кое треба да се претвори во вирус“ – изјавува шеговито Џен.
Рекламата го вклучува Кинан (момчето кое е YouTube сензација), како и мнооогу слатки кученца (затоа што видеата со животни често стануваат вирални), бебиња кои танцуваат (кои треба да потсетуваат на хит рекламата на Evian со бебиња), дебел човек кој плаче пред двојно виножито (кој треба да потсетува на едно од најгледаните видеа на YouTube), а на крајот 42-годишната Џенифер покажува и колку може да биде секси додека пие вода.
Во еден момент на Анистон ѝ приоѓа маж кој ѝ кажува дека е заљубен во неа, а таа немилосрдно го удира меѓу нозе и му вели: „Извини. Очигледно тоа вредеше 100 000 кликови“.
Погледнете го видеото, нема да зажалите.