Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Џастин Бибер во рекламата за неговиот женски парфем

ВИДЕО: Џастин Бибер во рекламата за неговиот женски парфем

Џастин Бибер направи парфем за жени (читај: тинејџерки) со цел да ги доближи своите верни обожавателки поблиску до неговиот свет.

Само неколку дена откако беше објавено дека Џастин го подготвува женскиот мирис „Someday“, се појави и официјалната реклама за парфемот. Во видеото кое трае 30 секунди 17-годишниот пејач го вдишува парфемот од вратот на 23-годишната Дри Хемингвеј, а веднаш потоа двајцата се прикажани како летаат на небото на зајдисонце.

„Да бидеме реални, како мириса една девојка е многу важно за едно момче. Јас имам толку длабока врска со моите обожаватели, па создавањето на парфем што јас лично го сакам е уште еден начин на којшто можам да ги донесам поблиску до мојот свет“ – изјавил Бибер и објаснил дека учествувал и во создавањето на дизајнот за шишенцето и опаковката.

Добрите познавачи на козметичкиот пазар веднаш увидоа дека шишенцето на парфемот на Бибер многу наликува на шишенцето на парфемот Lola Lola од Marc Jacobs.

Парфемот на Бибер и Парфемот Lola Lola од Marc JacobsЛево: Реклама за парфемот на Бибер. Десно: Парфемот Lola Lola од Marc Jacobs.

Парфемот „Someday“, кој сè уште не е пуштен во продажба, е главно наменет за младите девојки на возраст од 14 до 18 години, а чини од 35-55 долари во зависност од големината. New York Daily News процени дека тинејџерската сензација само од овој парфем може да заработи околу 30 милиони долари. Со оглед на популарноста на Џастин кај тинејџерките, не е тешко да се оствари тоа. Дел од приходите од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19151 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.