
Конечно можеме да го видиме целиот спот на Шакира за песната „Loca“. Во него колумбиската ѕвезда лудува низ улиците на Барселона, возејќи се на мотор и скокајќи во градската фонтана.
Забавното видео е снимано со рачна камера и е нискобуџетно со цел да се долови вистинската смисла на тоа што значи Шакира да биде „луда“ со своите обожаватели. Во спотот учествува и Дизи Раскал.
„Loca“ е дел од најновиот албум на Шакира, насловен како „Sale El Sol“. Албумот ќе биде пуштен во продажба наредниот месец.