Бруно Марс ја загреа публиката на Супер Боул со енергичен настап. 28-годишниот пејач заедно со својот бенд ги изведе хитовите „Locked Out of Heaven“, „Treasure“ и „Runaway Baby“.
На огромна радост на присутните и гледачите, настапот продолжи со „Give It Away“ и легендарните Red Hot Chili Peppers.
13-минутното шоу Марс го заврши со баладата „Just the Way You Are“.