Бруно Марс гостуваше во шоуто на Џејмс Корден. 31-годишниот пејач беше дел од сегментот „Carpool Karaoke“ во кој пееше и се забавуваше заедно со популарниот водител.
Во текот на разговорот, Марс изјави дека секогаш носи капи, бидејќи не знаел што да прави со својата коса.
Во забавното видео, славното дуо ги пее „24K Magic“, „Locked Out of Heaven“, „Grenade“, „Versace on the Floor“, „If I Knew“, „Uptown Funk“ и „Perm“.