Милионери, милијардери, холивудски ѕвезди, пејачи и модели придонесоа за брзото распространување на предизвикот „Ice Bucket“. Учесниците прифаќаат да се полеат со ладна вода со мраз, а потоа повикуваат три други лица да го сторат истото во рок од 24 часа или да донираат одредена сума пари за ALS Association. Трета опција е и донирање и студен туш.
Идејата е да се подигне свеста за амиотрофична латерална склероза (АЛС), да се соберат средства за истражувања поврзани со болеста и да се разбуди хуманоста кај оние кои во друг случај не би донирале.
Социјалните мрежи се преплавени со видеа со најразлични реакции на студениот предизвик, а најдобрата вест е што донациите постојано растат. Благодарение на виралниот предизвик, во периодот од 29 јули досега се донирани над 15 милиони долари.
Погледнете ги реакциите на ѕвездите кои го прифатија предизвикот:
Опра
Дејвид Бекам
Ева Лонгорија
Eva Longoria – Ice Bucket Challenge