Ева Мендез изгледа и звучи магично во новата реклама за парфемот „Angel“.
Во видеото, 37-годишната актерка патува со експресен футуристички воз. Откако ќе се прсне со парфемот, таа одлетува на колоритно рајско небо каде лебди облечена во прекрасни блескави фустани.
Во позадина се слуша песната „Windmills of Your Mind“ во изведба на самата Ева. Иако првобитната замисла за рекламата не го вклучувала пеењето на Мендез, откако од екипата на Тиери Муглер ја слушнале убавата актерка како пее, решиле да го позајмат и нејзиниот глас.
Еве ја и целата песна: