Селена Гомез ја покани екипата на „Вог“ во својот дом за да сними интересно интервју во кое одговара на 73 кратки прашања.
Во видеото, 24-годишната пејачка открива дека она што најмногу ја плаши е да изгуби сакана личност, ја опишува Натали Портман како најмодерна жена која ја познава и признава дека најмногу се огледува на својата мајка.
Кога беше запрашана кој е најдобриот совет што го добила од мајка си, таа одговори: „Однесувај се кон другите онака како што сакаш тие да се однесуваат кон тебе“.
Селена е ѕвезда од априлското издание на модната библија. Во интервјуто за списанието, таа зборуваше за неколкумесечната пауза во која потполно се посвети на личниот живот, за славата на Instagram и за соочувањето со депресија и анксиозност.
