Се наближува премиерата на последниот дел од трилогијата „Fifty Shades of Grey“, па со цел да ја засили возбудата кај обожавателите, филмската екипа го сподели финалниот трејлер за филмот.
Во видеото се прикажани љубовни моменти од свадбата, медениот месец и семејниот живот на Кристијан Греј и Анастасија Стил, но и драматични сцени кои најавуваат дека нема сè да биде розово.
Трејлер за „Fifty Shades Freed“
„Fifty Shades Freed“ ќе започне да се прикажува во киносалите ширум светот на 9 февруари.