Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Северина полна со емоции едвај ја пее песната посветена на синот по одземањето на старателството

ВИДЕО: Северина полна со емоции едвај ја пее песната посветена на синот по одземањето на старателството

Северина повторно минува низ пеколни денови, бидејќи судот по вторпат ѝ го одзеде старателството над синот и го врати детето да живее со таткото.

И покрај тешките моменти, 51-годишната пејачка смогна сили за да не ги откаже своите професионални ангажмани, но на концертот во Јахорина едвај си ги задржа солзите.

Атрактивната музичка ѕвезда започна да ја изведува својата песна „Родено мое“, која му ја посвети на синот Александар, а по кратко време престана да пее и ја остави публиката да ја продолжи емотивната балада.

Северина напиша и порака со која им се обрати на обожавателите на почетокот од настапот.

Мислевте дека нема да дојдам? Дека ќе го откажам концертот? Моја должност беше да се појавам денес. Да станам, да се облечам, да се нашминкам, да си направам фризура и да се поклонам пред вас. Да им се поклонам на сите мали и немоќни жени кои ми дадоа сила. И на сите вие кои ме опсипувате со неизмерна љубов, ќе се обидам лично да ви се заблагодарам.

Мојот Instagram е преполн. Во секоја секунда стигнува по една порака од вас. Многумина од вас ги споделуваат своите искуства со мене. Има потресни приказни кои ме расплакаа. Жртви на институционално насилство. Случај на мајка која чека насилно одземање на нејзините две мали девојчиња за да бидат предадени на нивниот татко насилник.

Ни велат да молчиме за случаите во коишто се вклучени деца. Да бидиме покорни. Молчев упорно и покорно. Другата страна зборуваше, а јас само чекав и верував во хрватскиот правен систем. Молчев додека не ми го одзедоа детето првиот пат.

Оттогаш, зборувам за неправдите на системот, за организираното одземање на дете кога се во прашање богати и моќно татковци. И нема да престанам...

Ви благодарам за поддршката, никогаш нема да можам да ви се заблагодарам доволно...

Балканската ѕвезда и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ повеќе нема да имаат заедничко старателство „по половина“, како што беше досудено од жупанскиот суд во Сплит во 2021 година. Сега целосното старателство му беше вратено на Милан од страна на Врховниот суд на Хрватска.

Северина

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23477 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.