Вчера беше премиерата на најновиот спот на Ријана за песната „Only Girl In The World“. Спотот е сниман на локации блиску до Лос Анџелес, а е режиран од Ентони Мендлер.
„Тој е навистина, навистина прекрасно сниман на тие луди, луди, луди места. Снимавме места кои ги пронајдовме на неколку часа возење од Лос Анџелес. Изгледа толку нереално. Изгледа вештачки, како нешто од разгледница“ – изјавила Ријана за снимањето на спотот.
И како што кажува и самиот наслов на песната, единствено Ријана се појавува во спотот, весела, разиграна, во ново светло, без трага од нејзината мрачна страна која ја истакна со нејзиниот претходен албум.
„Only Girl In The World“ e првиот сингл од петтиот албум на Ријана насловен како Loud.