Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Првиот трејлер за македонскиот филм „Трето полувреме“

ВИДЕО: Првиот трејлер за македонскиот филм „Трето полувреме“

Денес на YouTube е објавен првиот трејлер за долгочекуваниот македонски филм „Трето полувреме“. Филмското дело на режисерот Дарко Митревски е базирано на вистински настани.

Филмот, кој се снимаше на повеќе локации низ Македонија, следи љубовна приказна, ги опишува почетоците на македонскиот фудбал и раскажува за судбината на Евреите во 40-тите години на минатиот век.

Трето полувреме

Главните улоги на Коста и Ребека ги толкуваат Сашко Коцев и манекенката Катарина Ивановска. Во останатите улоги ќе ги видиме и Рихард Замел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко С. Апостоловски, Тони Михајловски, Бедија Беговска, Игор Стојчевски, Верица Недеска-Трајкова, Петар Арсовски, Милан Тоциновски, Аксел Мехмед, Ивица Димитриевиќ, Оливер Митковски, Димитар Доксевски, Игор Ангелов и Гораст Цветковски.

Владата на Република Македонија го прогласи „Трето полувреме“ за филм од национален интерес и го финансираше со еден милион евра. Вкупниот буџет за филмот е 2.150.000 евра.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.