Take That го објавија нивниот најнов спот за песната „When We Were Young“. Црно-белото видео е снимано на стадионот Вембли во Лондон и тоа по завршувањето на два концерта на популарната група.
Секој член на бендот пее на различни места од стадионот, додека во позадина се гледа нередот што го оставиле илјадниците обожаватели. На крајот на спотот, Роби Вилијамс, Гери Барлоу, Хауард Доналд, Џејсон Оринџ и Марк Овен се поклонуваат во средината на празниот стадион.
Најновата турнеја на Take That, „Progress Live 2011“, се смета за најголемата турнеја во Велика Британија со рекордни 1,34 милиони продадени билети за само 24 часа.