Синоќа во Лос Анџелес се одржа доделувањето на наградите BET (Black Entertainment Television).
Најголем победник на вечерта беше Бијонсе, во чии раце завршија вкупно 4 награди меѓу кои Видео на годината за „Formation“ и Најдобар женски R&B/ Поп изведувач.
34-годишната музичка ѕвезда заедно со Кендрик Ламар ја отвори свеченоста со настап кој беше изненадување. На сцената во театарот „Microsoft“, Бијонсе и Кендрик танцуваа низ вода додека ја изведуваа „Freedom“, а беа придружувани од танчарите кои се дел од турнејата на Бијонсе „Formation“.
Видео
WATCH: Beyoncé & Kendrick Lamar's powerful performance "Freedom" at the 2016 #BETAwardshttps://t.co/MvQ46If5Bo
— BEYONCÉ LEGION (@Bey_Legion) June 27, 2016