Викендов се одржа музичкиот настан Global Citizen Festival на кој настапија редица ѕвезди. На концертот во Централ Парк во Њујорк настапи и Ријана, која како и обично не ја штедеше енергијата за да ја подигне атмосферата и да ја забавува публиката.
28-годишната пејачка од Барбадос пееше и танцуваше повеќе од еден час и изведе многу свои хитови, меѓу кои „Love On the Brain“, „Stay“, „Work“, „Needed Me“ и „Diamonds“.
ВИДЕО:




Главната цел на концертот е да се подигне јавната свест и да се помогне во собирањето на средства за ставање на крај на екстремната сиромаштија до 2030 година. Ријана се приклучи кон кампањата со идејата момчињата и девојчињата во најсиромашните земји во светот да добијат квалитетно образование.





