На најголемиот музички настан кој се одржува секоја година, Лејди Гага му оддаде почит на незаборавниот Дејвид Боуви. Популарната пејачка седум минути настапуваше на сцената на Греми 2016, изведувајќи ги едни од најпознатите хитови на легендарната музичка ѕвезда.
Талентираниот Англичанец, кој остави голем отпечаток во музичката индустрија, почина пред еден месец. Тој ја изгуби борбата со ракот два дена по неговиот 69. роденден.
Специјални ефекти и огромна енергија ја исполнуваа сцената додека 29-годишната пејачка настапуваше со хитовите „Space Oddity“, „Changes“, „Ziggy Stardust“, „Suffragette City“, „Rebel Rebel“, „Fashion“, „Fame“, „Let’s Dance“ и „Heroes“.
За изгледот на Гага на настапот, како и на црвениот тепих, се погрижи Марк Џејкобс.
ВИДЕО:
За црвениот тепих, Лејди Гага очигледно црпеше инспирација од алтер-егото на Боуви – Зиги Стардаст. Таа носеше плава креација од Марк Џејкобс, екстремно високи потпетици, портокалова перика и силна шминка.