Лејди Гага е позната по своите динамични и бесни изведби на сцена. Но, вчера качувањето врз запалениот клавир не ѝ појде од рака, па Гага се најде на подот со нозете кренати во воздух.
Сепак, тоа не ја спречи Лејди Гага да го продолжи настапот. 25-годишната пејачка веднаш се исправи на нозе и продолжи да ја пее „You And I“.
Незгодното паѓање се случило во Хјустон, пред очите на повеќеилјадната публика на концертот од нејзината турнеја „Monster's Ball“.