Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Кендал Џенер одговара на 73 прашања за „Вог“

ВИДЕО: Кендал Џенер одговара на 73 прашања за „Вог“

Кендал Џенер ја покани екипата на „Вог“ во домот во кој израсна и одговори на 73 прашања за модната библија.

Во краткото видео, 20-годишниот модел ја води камерата низ куќата, откривајќи информации за својот личен живот. Таа открива дека Божиќ е најубавиот празник кој го има славено во овој дом, прва работа во животот ѝ била шетање на кучиња, омилен филм ѝ е „The Notebook“, а црвениот кармин е нејзиниот „must-have“ производ за разубавување.

Славната манекенка за интервјуто носи креација од дизајнерот Хуан Карлос Обандо.

Исто така, на Кендал Џенер ѝ припадна честа да го краси најважното издание на „Вог“ во годината. Таа сними фотосесија за септемвриското издание, кое традиционално е најпродавано и најголемо по број на страници.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20883 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.