Изминатиот викенд, Раде Шербеџија одржа два концерти во Македонската опера и балет во Скопје, а како специјални гости ги имаше Каролина Гочева, Јана Стојановска, Гаро и браќа Тавитјан.
Вчерашниот концерт, 71-годишниот актер и пејач го заврши со прекрасна изведба на старата македонска песна „Со маки сум се родила“, која ја пееше заедно со Каролина и целата публика.
Видеото од специјалниот момент на Facebook го споделија и Каролина и Авалон, продукцијата која е заслужна за реализацијата на концертите.
Еве и уште неколку моменти од концертите:
Погледнете и дел од атмосферата низ фотографиите објавени од Авалон: