Евровизиската трка го доби победникот. Måneskin од Италија со „Zitti E Buoni“ ги освои жирито и публиката и изби на првото место на листата.
Музичари од 26 земји вечерва се натпреваруваа за трофејот, а италијанскиот бенд со 524 бодови застана на пиедестал.
Победничкиот настап на Италија
Второто место ѝ припадна на Барбара Прави од Франција, која доби 499 поени, додека на трето место остана Швајцарија со 432 поени.
Од регионот, најдобро рангирани беа Бугарија и Грација кои освоија по 170 поени.
Најлошиот резултат го имаше Велика Британија. Нивниот претставник Џејмс Њуман не освои поени ниту од публиката, ниту од жириата.
Македонија годинава не стигна до финалето. Васил Гарванлиев настапи во првото полуфинале, но не успеа да се пласира во финалната фаза од музичкото натпреварување.
Се согласувате со изборот? Вклучете се во дискусијата на Форум Фемина: Евровизија 2021