Србија со брза песна ќе се обиде да ја освои евровизиската публика. „Loco Loco“ е композицијата со која Hurricane (Харикејн) ќе настапи на сцената во Ротердам, Холандија.
Триото составено од Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ денес го претстави и спотот инспириран од 80-тите.
Музиката е дело на Немања Антониќ, кој заедно со Дарко Димитров работеше и на аранжманот додека текстот го напиша Сања Вучиќ.
Музичкиот натпревар годинава е планирано да се одржи од 18 до 22 мај.