Евровизиското натпреварување започна вечерва. Вкупно 16 земји се претставија на сцената во Ротердам, а 10 од нив се пласираа во финалето.
Нашиот претставник Васил Гарванлиев имаше фантастичен настап, но бодовите не беа доволни за место во последната фаза од музичкиот маратон.
Еве кои песни беа најгласани на првото полуфинале:
Норвешка
Израел
Русија
Азербејџан
Малта
Литванија
Кипар
Шведска
Белгија
Украина
Денешните полуфиналисти ќе им се придружат на претставниците на Холандија, Велика Британија, Шпанија, Италија, Германија и Франција во големото финале кое е закажано за 22 мај.