Енрике Иглесијас се враќа на сцената со новиот албум „Euphoria“, којшто е опишан како колекција од песни за да ги оставите проблемите настрана и да се забавувате. „Euphoria“ треба да се појави на 5-ти јули.
За да го создаде новиот албум, шпанскиот срцекршач соработувал со многу познати имиња, како Никол Шерцингер, Питбул и Лајонел Ричи.
Веќе се промовирани спотовите на двете најнови песни од Енрике. „I Like It“ е резултат на неговата соработка со раперот Питбул и Лајонел Ричи, а во шпанската „Cuando Me Enamoro“ учествува и познатиот вокалист Хуан Луис Гера.