Енрике Иглесијас знае како да ја заведе женската публика. Освен со својата музика, 37-годишниот шпански срцекршач на своите концерти усреќува по една обожавателка со бакнеж в уста.
На концертот во Њу Џерси, Енрике буквално довлечка своја обожавателка на сцена, каде што ја бакна в уста, а потоа ја стави под својата маица.

21-годишната среќна избраничка во еден момент ја побара неговата маица за спомен, а потоа се обиде да му ја земе капата. „Ги сакаш моите панталони“ – ѝ се обрати шеговито Енрике на возбудената девојка, додека публиката се забавуваше со нивната средба на сцената.

Погледнете го видеото:
Се разбира, Енрике како вистински заводник ѝ ја испеа и баладата „Hero“.