Бијонсе ја отвори церемонијата на која беа доделени престижните награди Оскар.
40-годишната пејачка имаше впечатлива изведба на песната „Be Alive“ од филмот „King Richard“, снимен за Ричард Вилијамс, таткото на тениските ѕвезди Серена и Венус. Видеото беше снимено на тенискиот терен во Кемптон, каде што некогаш тренираа сестрите Вилијамс со нивниот татко, кој беше и нивен тренер. Бијонсе носеше фустан од Дејвид Кома.
Покрај Бијонсе, во видеото танцува и нејзината 10-годишна ќерка Блу Ајви.
Настапот на музичката дива го најавија лично сестрите Серена и Венус Вилијамс.
„Be Alive“ беше номинирана за Најдобра оригинална песна, но не ја освои статуетката.
На црвениот тепих на Оскарите, Бијонсе зачекори рака за рака со сопругот Џеј Зи. Нејзин стилски избор беше жолта креација од Валентино и чантичка во форма на тениско топче.