Вил Смит зажали за драматичниот инцидент на доделувањето на Оскарите и јавно му се извини на Крис Рок за шлаканицата.
53-годишниот актер призна дека неговата реакција била бурна, но дека не можел да ја поднесе навредата на здравствената состојба на сопругата Џејда.
Имено, Крис Рок направи невкусна шега за ќелавата глава на Џејда која страда од алопеција, а Вил се качи на сцената и го удри силно. Странските медиуми пренесуваат дека Крис не знаел за здравствената состојба на Џејда кога ја кажал шегата.
Прочитајте ја пораката за извинување од Смит:
Насилството во сите негови форми е отровно и деструктивно. Моето однесување на синоќешното доделување на Оскарите беше неприфатливо и неоправдано. Шегите на моја сметка се дел од работата, но шегата за здравствената состојба на Џејда ми беше тешко да ја поднесам и реагирав емотивно.
Би сакал јавно да ти се извинам, Крис. Бев надвор од контрола и згрешив. Засрамен сум и моите постапки не беа показател за човекот кој сакам да бидам. Нема место за насилство во свет на љубов и добрина.
Исто така, сакам да се извинам и на Академијата, на продуцентите на шоуто, на сите присутни и на сите што гледаа ширум светот. Би сакал да му се извинам на семејството Вилијамс и на моето семејство од филмот „King Richard“. Длабоко жалам што моето однесување го извалка она што инаку беше прекрасно патување за сите нас.
Продолжувам да работам на себе.
Со почит,
Вил
Кратко време по инцидентот, Смит доби Оскар за Најдобар актер, но моментално се истражува случајот и не се знае дека Академијата ќе му дозволи да ја задржи статуетката.