Лондон беше домаќин на спектакуларен концерт посветен на жените. Концертот „Sound of Change“, на кој присуствуваа 50.000 лица, е дел од кампањата „Chime for Change“ која се фокусира на подобрување на образованието, здравјето и правдата за жените од целиот свет.
Иницијатори за женската кампањата се Бијонсе, Фрида Џанини (дизајнерката на модната куќа Гучи) и актерката Селма Хајек.
Досега собрани се 4 милиони долари кои ќе финансираат околу 200 проекти во 70 земји низ светот. „Образование, здравје, правда. За секоја жена. За секоја девојка. Насекаде“ – е слоганот на кампањата.
На големиот концерт настапија многу ѕвезди меѓу кои и Бијонсе, Џеј-Зи, Флоренс Велч, Џенифер Лопез, Мери Џеј Блајџ, Рита Ора и Џеси Џеј.
Други славни личности кои ја поддржаа кампањата се Мадона, Гвинет Палтроу, Камерон Дијаз, Џулија Робертс, Џејда Пинкет Смит, Кети Пери и Хали Бери.