Бред Пит и Анџелина Џоли беа специјални гости на 17. Сараевски филмски фестивал. На затворањето на фестивалот, 36-годишната актерка ги освои присутните со корална елегантна тоалета на Ели Сааб и ја доби почесната награда „Срце на Сараево“.
Откако доби долг громогласен аплауз од публиката која со задоволство се исправи на нозе за да ја поздрави славната актерка, Анџелина одржа краток, но емотивен говор.
„Многу сум среќа што сум во овој посебен град, во оваа убава земја и бев доволно среќна во изминатава година да ја почувствувам не само топлината и гостопримливоста на локалното население, туку и вашиот неверојатен талент. Во мојата кариера, никогаш не сум работела со толку дисциплинирани и талентирани артисти, како што имав можност да го направам тоа во изминатава година“ – рекла Џоли, алудирајќи на снимањето на нејзиниот филмски проект „In the Land of Blood and Honey“.
Џоли и Пит истата вечер го напуштиле Сараево.