Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Анџелина Џоли за Луј Витон – краток филм

ВИДЕО: Анџелина Џоли за Луј Витон – краток филм

Објавен е целосниот краток филм што Анџелина Џоли го сними за модниот бренд Луј Витон. Видеото со наслов „Патувањето на Анџелина Џоли во Камбоџа“ ја покажува убавата актерка облечена во лежерна облека како релаксирано раскажува за нејзината љубов кон оваа азиска држава.

„Едно патување може да го промени текот на животот“ – со овие зборови започнува филмот во кој Џоли споделува дека започнала да мисли за посвојување за време на своето второ патување во Камбоџа, додека играла со мало детенце.

„Претходно размислував за посвојување, но некако тоа немаше многу смисла. Не бев подготвена да станам мајка, не знаев ништо, но кога го видов тоа мало момче... Не верувам во судбина и такви работи, но некако одненадеж почувствував дека е правилно. Се вратив по трет пат и го запознав мојот син“ – раскажа Џоли за посвојувањето на нејзиниот најстар син, Медокс.

36-годишната актерка призна и дека нејзините деца толку многу обожаваат да јадат штурци, што во одреден момент морала да им забрани за да не се разболат.

Во видеото е прикажано и снимањето на фотографиите за кампањата „Core Values“. Погледнете го:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20800 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.